Џо Бајден го сврте резултатот и премина во водство во клучната држава Џорџија. Ако остане така и кога ќе се избројат сите гласови, тоа ќе значи дека има доволно за да прогласи победа.

Со оглед на тоа што АП и Фокс Њуз објавија дека Бајден досега освоил доволно држави за 264 електорски гласови, а Џорџија носи 16 електорски гласови, тоа значи дека Бајден би имал недостижни 280 електорски гласови доколку победи во Џорџија, што значи дека може да прогласи изборна победа во секој момент.

Во моментор од 99 отсто изброени гласови во Џорџија, Бајден тесно води со 49,39 отсто освоени гласови ( 2,449,371 ) а Трамп има освоено 49,37 отсто од гласовите ( 2,448,454 ).

Дали со ова е готова изборната трка во САД пред целата работа да се префрли во судовите и во Врховниот суд на Америка!