Меѓу 10-те омилени елитни ресторани сите имаат по три Мичелинови ѕвезди, а најмногу ги има во Њујорк.

Приватни места во кои што јадат имаат само најбогатите луѓе на светот, а токму тие се претплатени на „Elite Traveler“ и „The Private Jet Lifestyle Magazine“, чиј просечен читател е ‘тежок’ 32 милиони долари.

За да дознае како уживаат неговите читатели, „Elite Traveler“ секоја година објавува листа на најдобри ресторани според оценките на богаташите.

На елитната листа на најлуксузни ресторани кои што ги посетуваат богаташите, победата дефинитивно ја носи Њујорк. Но, на листата на која што ја составиле околу 600 илјади милионери се наоѓаат и Италија, Швајцарија, Шпанија, Франција…

Познатиот германски ресторан „Swarzwaldstube“ кој што се нашол осми по ред на листата, во меѓувреме трагично настрадал во пожар.

Меѓу 10-те омилени ресторани во кои што јадат читателите на „Elite Traveler“ се:

1. „de L’Hôtel de Ville“, Швајцарија – шеф Франк Џовани; 
2. „Alinea“, Чикаго – Шеф Грант Ачатз; 
3. „Eleven Medison Park“, Њујорк – Шеф Даниел Хум; 
4. „Osteria Francescana“, Италија – Шеф Масимо Ботура; 
5. „Azurmendi“, Шпанија – Шеф Енеко Аткса;


6. „Per Se“, Њујорк – Шеф Томас Келер; 
7. „The Restaurant at Meadowood“, Калифорнија – Шеф Кристофер Костоу; 
8. „Restaurant Guy Savoy“, Франција – Шеф Гај Савој; 
9. „Le Bernardin“, Њујорк – Шеф Ерик Риперт; 
10. „El Caller de Can Roca“, Шпанија – Шеф Хуан Рока.