„Хеликоптерот претходно бил на лет во рамки на тренажен процес, односно за обука на екипажот. По слетувањето на платформа во аеродромскиот дел, хеликоптерот се превртел на пистата. На лице место увид вршат припадници на полицијата, а истрагата ја води комисијата за испитување на сериозни воздухопловни инциденти“, велат извори од МВР.