Vasko Eftov – Vo Centar

Новинарот Васко Ефтов на својата фејсбук страница ја повика македонската држава и политичките субјекти да не влегуваат во играта на официјална Софија. Според него треба да се остави Бугарија да и стави вето на Македонија и конечно пред цел свет да се покаже каква е бугарската стратегија. Во продолжение ви ја пренесуваме неговата објава во целост:

„Оставете ја Бугарија да стави вето. Во македонски интерес е Бугарија да стави вето! Затоа Бугарија треба да се охрабрува во секоја прилика да ни стави вето. Само на тој начин ќе се покаже целата канцерогеност на бугарската политика во однос на Македонија и македонското прашање. Тоа трае веќе сто и кусур години. Сега е веќе јасно дека Софија со децении работи на поделба на Македонија на бугарски и албански дел. Затоа донесете ја до зид Бугарија и натерајте ја стави вето во периодот кога се разговара за поделба на Косово. Нека ни стави вето Бугарија ( во такви услови кога ќе се дели Косово ) и еднаш засекогаш Бугарите нека ги покажат своите тајни намери за поделба на Македонија.“