Порано, на предавањата за медиуми се кажуваше дека вест не е ако куче касне човек, туку вест е ако човек касне куче. Сега се сменија работите, сега вест е ако куче касне или изеде автомобил. Тоа се случи на паркинг во населбата Јане Сандански каде група кучиња буквално изедоа дел од каросеријата на еден од паркираните автомобили, што може да се виде од фотографиите кои ни беа доставени.

Како што не информира испраќачот на фотографиите, полицијата направила записник при увидот на лице место и понатамошната истрага ќе треба да покаже дали штетата е навистина од кучиња кои сакаат да јадат автомобили.

До сега жителите од општина Аеродром се жалеа дека се континуирано напаѓани од кучиња скитници, сега за прв пат се случи да им бидат напаѓани и автомобилите.