Агенцијата за здравје и сигурност во исхраната АГЕС од Виена го истражуваше пренесувањето на корона вирусот кај 3800 заболени во Австрија. Вкупно се пронајдени 169 кластери. Од тоа, 60 кластери со 1127 лица се пронајдени во домовите за стари. Во вкупно 35,5 отсто случаи болеста се ширела кај лица кои биле сместени или имале контакти со домовите за стари лица.

Пронајдени се само 20 кластери со 370 лица кои се заразени на скијање, пеење во хор или на фитнес. Не се пронајдени кластери кои укажуваат на зарезени со корона вирусот во градскиот превоз и во училиштата. Студијата утврди дека случајните средби не се доволни за пренесување на вирусот. Слични се трендовите и во другите држави. Во Србија и Хрватска околу 40 отсто од бројот на умрените од корона вирусот се лица кои живеат во домови за стари лица.

Чудно е како во многу држави во Европа вирусот се прошири во домовите за стари лица и тие бројки потоа создаваа паника во јавноста.