Мнозинството членови на Кризниот Штаб за борба против корона вирусот во Србија, се оградија од изјавите на членот на Штабот, д-р Бранимир Несторовиќ. Имено, Несторовиќ ги повика граѓаните на соседна Србија да излезат надвор од домовите за да се заразат со корона вирусот и на тој начин да се стекне колективен имунитет кај населението.

На ова се спротиставија поголем дел членови на Кризниот штаб со објаснување дека е тоа ризично и неодговорно во услови кога силата на вирусот е се уште многу голема.

Ова е прв случај во регионот член на некој кризен штаб да ги повикува граѓаните да не ги почитуваат мерките и намерно да се заразат со цел да биде обезбеден колективен имунитет на населението. Тоа покажува и дека меѓу експертите има се повеќе разлики како да се делува за надминување на пандемијата.