Според CNBC социјалните мрежи како Facebook, YouTube i Twitter не успеваат да се справат со конспиративните теории околу корона вирусот и навремено да ги блокираат незаконските содржини во кои се повикува на игнорирање на препораките на лекарите и самоизолацијата. Иако ИТ компамниите секоја година ги зголемуваат парите одвоени за моденрнизација и усовршување на системите, таа инвестиција сѐ уште не им е исплатена – корисниците гледале преку два милиони прегледи на лажни видеа во врска со корона вирусот.

Во еден од тие видео клипови беше кажано дека во борба против корона вирусот добро е да се пие варикина за дезинфекција, која предизвикува сериозни здравствени проблеми како изгореници на внатрешните органи.

За да не се допушти таквите видеоклипови масовно да се распространат, социјалните мрежи креираа алгоритми за сигурно и проверено информирање каде се повикуваат на официјалните информации и препораки од СЗО.

Но и покрај тоа, интернет платформите не успееја во целост да го ограничат ширењето на таквите видеа, соопштува CNBC. Во 26-минутен видео клип на Pandemic Movie се зборува дека корона вирусот е специјално направен за да се збогатат производителите на вакцини.

Видео клипот содржи и препораки кои се спротивни на препораките на СЗО, како на пример дека не треба да се носат маски бидејќи тие носат многу поголем ризик за заболување.

Тој видео клип се појави на Facebook, Youtube и Twitter и собра милиони прегледи пред да биде отстранет.

Според CNBC, Facebook на почетокот не сакал да признае дека видеото ги нарушува правилата на платформата, наведувајќи дека треба да се направи „проверка на фактите“.

Долгата проверка на фактите доведе до тоа видеото да биде многу пати прегледано иако заклучокот на крајот беше дека носењето на маска не може негативно да влијае на здравјето на луѓето и видеото на крајот беше отстрането.

Прес службата на Youtube уверува дека тие бргу ги блокираат сите видеа кои содржат совети за превенција и лечење на Covid-19 кои не се потрепени со медицински факти.