Поранешниот адвокат на Љупчо Палевски Палчо, Васко Стојков, кој во јавноста фигурира како еден од основачите на движењето Трета, на својот фејсбук профил јавно праша:

„Кога ќе го објавите делот од истиот разговор за да слушниме дека Груевски и Али оделе кај Заев и барале амнестија за себе?

Овој фејсбук статус на Васко Стојков следува после објавените четири телефонски разговори на порталот Инфомакс каде неознато лице во кафана разговара со Зоран Заев.

Според Васко Стојков станува збор за средба во една струмичка кафана каде разговарале Александар Верушевски и Зоран Заев. Според Васко Стојков станува збор за разговор во траење од 2 часа и 36 минути на кој биле отворени многу прашања поврзани со бомбите.

Стојков не негираше ниту пак потврди дали тој го има слушано целиот разговор и дали располага со копија од тој разговор.