По денешната лидерска средба кај Претседателот Пендаровски, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги проектираше можните датуми за новите парламентарни избори:

По денешната средба се проектираа одредени потенцијални датуми и знаејќи ја оваа можност беше кажано дека ако теоретски нема трета вонредна состојба тоа би значело дека од 17 мај плус 22 дена се на 8 јуни, а ако има нова вонредна состојба тогаш на 7 јули, а ако се направи прогласување на вонредна состојба од 2 седмици изборите би биле на 21 јуни, а ако е уште една седмица би биле на 14 јуни. Вака стојат правните аспекти за кои денеска дискутиравме и немаше спротивставеност. Значајно е што денеска неколку работи заедно ги договоривме, дури изборите и да бидат на 14 јуни, 30 дена од сега има за да може да се испрати покана до ОБСЕ/ОДИХР и да имаме набљудувачи што е многу важно. Втората работа од тие 32 дена односно неопходните 10 дена пред кампања за ДИК се сосема доволни за да продолжи ажурирањето на избирачкиот список коишто не е завршена постапка со замрзнувањето на законските рокови со Уредбата со законска сила којашто беше за изборите.