По денешната лидерска средба, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ одговараше на новинарски прашања. Новинарите го прашаа Мицкоски за аудио бомбите кои минатата недела се појавија на yotube за неговата средба со еден од актерите во аферата Рекет. Зоран Милески Кичеец. Прашање: Господине Мискоцски стана ли збор на оваа лидерска средба за добиените бомби кои што беа објавени? Одговор: Не. Прашање: На истава тема, во најдолгото видео во третата минута Кичеец ви вели „тоа што ми го велите вие тоа и го правам, не искачам од тоа што ми го наредувате“, дали имавте толкав близок контакт со господинот Кичеец и зошто тоа го негиравте во едно интервју и дали се уште контактирате со него? Одговор: Очекував вакво прашање, видете, навистина имаше еден обид од страна на политичкиот противник да се измести вистината од вистинската оска, каде што ќе се добие впечаток којшто вие практично сега го пренесовте во форма на прашање дека практично јас не ја говорам вистината. Ќе се обидам да ви дадам одговор што откако ќе го слушнете се надевам дека ќе ви биде појасно. На барање на именуваното лице, а по претходен закажан состанок на член на структурите од партијата имавме состанок со именуваното лице и разговаравме поврзано со изборите којшто тогаш се случуваа, а тоа е пред да излезе во јавноста аферата позната како „Рекет“. На 16ти август 2019 година имав прес конференција на којашто на новинарско прашање на една ваша колешка, дали сум имал средба или било каков контакт со лицата коишто се поврзани со аферата „Рекет“ ќе го цитирам мојот одговор и ќе бидам прецизен, на истото одговорив, на Бојан Јовановски лично му го честитав роденденот од почит кон медиумот, и од почит кон медиумите бидејќи тој го побара тоа од мене, како директор сопственик на тој медиум. И да, сум се сретнал со другите лица коишто се поврзани во аферата. Тоа првиот дел од мојот одговор. Понатаму, од страна на СДСМ бев прозиван на прес конференции во стилот на прашања „да каже Мицкоски што зел од овој, оној итн…“ и следеше интервју за еден портал во коешто воведното прашање „дали вие сте имале инкриминирачка средба со лицето тоа и тоа, како што на прес конференции СДСМ ве прозива?“, и тој дел не е прикажан туку е прикажан мојот одговор, и на крајот од мојот одговор следи прашањето од водителот којшто вели „дали сте имале таква средба ?“ и јас одговорив дека не сум имал средба, мислејќи дека сум имал средба којашто мене ме инкриминира. И добро е што излезе видеото што можеше јавноста да види дека нема никакво основано сомневање за инкриминирање, ниту мое, ниту на било кој друг. И ги охрабрувам уште еднаш институциите во државата, доколку постои основано сомнение за било какво мое инкриминирање или основано сомневање за сторено кривично дело веднаш да покренат истрага, уште денеска, односно по допрен глас, откако се појавија овие нелегално стекнати материјали. Очекувам истото да го направат за останатите нелегално стекнати материјали кои се појавија или пак можеби ќе се појавуваат во периодот којшто следи, за други политичари и јавни лица. Она што сакам да кажам е дека на сведочењето едно од осомничените лица, а тоа е првоосомничениот на сведочењето пред некоја недела кажува дека бил во кабинетот на тогашниот претседател на владата, во присуство на претседателот на владата и ова лице кое што вие го споменавте, каде што претседателот на владата вели не се грижи овој човек има паравојска таму, и таму ќе ги добиеме изборите. Тоа се случува 10 дена пред мојата средба со тоа лице. Се чудам зошто беше толку големо инсистирањето 10 дена потоа тоа лице да се види со мене. Да јас сум претседател на партија и ќе продолжам да се среќавам со граѓани, коишто ценам дека можат да допринесат на некаков начин, законит се разбира во насока на остварување на победа на избори, дали се тоа локални, парламентарни или претседателски. Ќе ве потсетам уште еднаш, во моментот кога јас се сретнувам со лицето, тој не е предмет на обвинение. Но прашањето е што правеле заедно на 4 април во кабинетот на претседателот на владата.