Во продавниците нема гардеробери, освен во некои од најпознатите брендови од Западот. Жените купуваат облека од око, ја пробуваат дома, па ако не им прилега ја враќаат.

Саудиска Арабија е една од најзатворените земји на светот, таму живеат стотици принцови и принцези, летата се пеколно топли, а локалците организираат натпревари за убавина за камили.
Интересни факти за оваа земја:
Во почетокот на 80-тите властите ги затвориле сите кина и граѓаните можеле да ги гледаат холивудските блокбастери само во соседните земји Дубаи и Бахреин.

Пред неколку години забраната беше тргната, но филмот „Black Panther“ кој беше прикажан пред публиката беше цензуриран, односно беа исечени сите сцени со бакнување.

Главна атракција во земјата се огромните трговски центри со кафулиња, каде што во нормални услови, летно време може да шетате затоа што на улиците е пеколно топло со просечна температура од 39 – 45 °C.

Во продавниците нема гардеробери, освен во некои од најпознатите брендови од Западот. Жените купуваат облека од око, ја пробуваат дома, па ако не им прилега ја враќаат.

Во кафулињата и рестораните има два оддели: за сингл мажи и за семејства. Немажените девојки може да бидат во делот за семејство, но никако не им е дозволено да бидат во делот за мажи.

Сите обврски се планираат според времето на молење. Се молат 5 пати на ден и животот на земјата сопира во задолжителните термини за молитва и не работат бензинските пумпи, кафулиња и продавници.

До пред само неколку години беше забрането покажување на голи делови од телото во продавниците и магазините, односно беа пребојувани рацете, рамениците, па дури и лицето на девојките.

До пред неколку години туристите не беа добредојдени во земјата, дојденци се примаа само во Мека и Медина.
