Пандемијата коронавирус го промени светот и ќе го менува и понатаму на безброј предвидени и непредвидени начини. Тешко е во оваа фаза да се замислат сите можни сценарија кои што од ден на ден се менуваат…
Една работа во која што во целост можеме да бидеме сигурни е дека враќањето на животот во нормала, онаков каков што претходно го знаевме, нема да се случи во скоро време.
Прашањето е што ќе се промени и како?
Познавачите на холивудските приказни убедени се дека филмската индустрија ќе остане засекогаш променета, а тоа стои во извештајот на „MoffetNathanson“, кој што своите резултати ги нарекол ‘Збогувајте се од Холивуд’.
Накратко, нивниот аналитичар Мајкл Натансон предвидел три големи промени – стриминг сервисот ќе стане уште попопуларен, кино салите ќе доживеат огромен финансиски губиток, а среднобуџетните фирми за филмови ќе станат минато.

Но, секогаш постои светло на крајот од тунелот само што прашањето е кога кино салите и стримерите ќе ги соединат своите сили за добробитот на сите.
Раст на стриминг сервисот
Тоа што всушност најмалку изненадува е тоа што стриминг сервисите ширум светот се доминантната сила и тие го преземаат во светот.
Ова тешко може да се нарече голем пресврт затоа што и порано многу работи укажуваа на тоа.