Иако продажбата на PlayStation 4 опаѓа, сепак јапонскиот производител може да се пофали со фантастични бројки.

Популарноста на PlayStation 4 е огромна, а Sony објави податок дека во првите три месеци од оваа година биле продадени 1,5 милиони примероци, вклучувајќи го и PlayStation 4 Pro.

Тоа значи дека јапонската компанија од почетокот на продажбата досега има продадено 110,4 милиони конзоли, односно нешто помалку во однос на првиот Game Boy и Game Boy Color.



Сепак, продажбата на „четворката“ слабее со оглед на тоа што наскоро пристигнува PlayStation 5. Во истиот период минатата година биле продадени 2,6 милиони конзоли, а продажбата во текот на фискалната година (април 2019-та – март 2020-та) е помала за 4,2 милиони. Поради тоа, тешко е да се верува дека PlayStation 4 ќе го надмине легендарниот PlayStation 2 и ќе ја преземе круната за најпродавана конзола на сите времиња.