Премиерот на Белгија, Софи Вилмес наиде на многу студен прием при официјалната посета на болницата „Свети Петар“ во Брисел. Персоналот на болницата, кој формираше тим за “добредојде”, во моментот кога белгискиот премиер пристигна во болницата во знак на протест му го свртија грбот.

Болницата е од централно значење за тековната криза со коронавирус, кога беше референтна болница за потврдени случаи. Првиот белгиски пациент од коронавирус, Филип Собри, беше лекуван таму при враќањето од Вухан во Кина, каде започна пандемијата.

Претставници на Болницата подоцна објаснија дека вработените и персоналот се разочарани од постапувањето на владата во текот на кризата и нејзиниот пристап кон здравствената заштита во целина, вклучително и прашањата како што се кратење на буџетот, ниски плати и недостаток на персоналот. Тие исто така не се задоволни од обидите на владата да регрутира неквалификуван персонал за да му дадат поддршка на медицинскиот персонал, наместо да плаќаат за обучени професионалци.

Инаку премиерот Вилмес вчера беше во планирана посета на болницата Свети Петар во областа Маролес во Брисел, како и во болницата Делта во Аудерхем, и тоа беше нејзина прва болничка посета од почетокот на кризата.