Контроверзниот руски тајкун Сергеј Самсоненко се повлече од ФК Вардар. Во соопштението објавено на веб страната на ФК Вардар, Самсоненко ги објаснува причините за своето повлекување:

Во неколку наврати ја информиравме и јавноста дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи бидејќи бев директно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи.
Правната постапка за спорот е во тек, искрено се надевам и верувам во надлежните институции кои треба да ја докажат правдата и се надевам на позитивна разврска на целиот случај. Покрај тоа, дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на Ковид – 19 од која сериозно е погоден целиот свет.
Поради овие причини кои веќе се надвор од моја моќ и контрола не сум повеќе во можност да ги исполнувам финансиските обврски и со цел да ја заштитам иднината на еден од најголемите спортски брендови ФК Вардар принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје.

Од соопшението може да се заклучи дека Самсоненко се чуствува изигран од своите поранешни блиски соработници кои ги обвинува дека на незаконски начин го преземале неговиот капитален објект кој е во изградба во центарот на Скопје, а кој беше составен дел на проектот Скопје 2014.

Во едно од ретките интервјуа, Сергеј Самсоненко го објаснува своето доаѓање во Македонија и личните контакти со минатата власт.
Повеќе на овој линк: