Кристијан Голубовиќ излезе од затвор по осум години, а веднаш доби понуда за да влезе во реалното шоу „Задруга“, во кое веќе учествуваше пред отслужувањето на затворската казна.

Голубовиќ гостуваше во телевизијата Пинк, каде што зборуваше за можноста за влегување во новата сезона на „Задруга“, а веќе се шпекулира дека потпишал договор за хонорар од наводно 300.000-400.000 евра.

Меѓутоа, сега Голубовиќ на Фејсбук откри дека добил уште една понуда, а според неговите зборови станува збор за телевизијата Happy.

На својот профил се пофали со понудата за полиграф, како и со парите кои наводно му се понудени за да се појави, односно тој тврди дека за секое прашање би добил сума од 300 евра.

„За 125 прашања, кои даваат милион одговори, никогаш неизговорени вистини, можеби и лаги… Во живо на полиграф со надзор на вистински полициски вештаци… Телевизијата Happy нуди 300 евра за секое прашање?“, напиша Голубовиќ.

На статусот некои од следбениците низ шега го советуваа да не ја прифаќа понудата бидејќи станува збор за мала сума, како и дека телевизијата го кани бидејќи, како што велат, рејтингот им е „заникаде“.

Kristijan Kiki Golubovic on Saturday Za 125 pitanja koja daju milion odgovora,nikada izgovorene istine,možda i laži…uživo na poligrafu uz nadzor pravih policijskih veštaka… Televizija HAPPY nudi za svako pitanje 300eura?