Секој полнолетен граѓанин во Словенија ќе добие ваучер во вредност од 200 евра за користење на услугите на словенечките туристички агенции.

Оваа ваучер програма е во вредност од околу 300 милиони евра, но многу од тие пари би се вратиле во државната каса, ако не со данок, тогаш на некој друг начин, пренесуваат словенечките медиуми.

Ваучерите во Словенија, како што беше речено, не се наменети како замена за одмор.

Слични ваучери се делат и во Србија, но само одредени категории граѓани можат да ги добијат.

Во Босна и Херцеговина, само граѓаните на Република Српска засега можат да се надеваат на ваучери.

Кај нас најавени се ваучери, но се уште нема програма за помош на секторот за туризам со која се предвидува распределувањето.