-Мојот став е ограничувањето на движење од 58 часа не е добро, од причина што граѓаните се под притисок, бидејќи овие мерки траат веќе повеќе од два и пол месеци – изјави Наќе Чулев за телевизијата Сител.

Тој истакна дека утрово го кажал својот став на седница на главниот Координативен кризен штаб, на која биле дискутирани предлозите на Комисијата за заразни болести, која вчера испрати до владата предлог за 58 часовен карантин, односно полициски час од сабота од 19 часот до вторник до 05 часот.

Чулев додаде дека е потребно да им се даде време на граѓаните да ги извршат своите приватни обврски во текот на викендот.