Американскиот Претседател Доналд Трамп не планира воведување карантин без разлика дали есенва ќе има или ќе нема втор бран на пандемијата со корона вирусот.

Ќе се обидеме да го изгасиме оганот, без разлика дали ќе биде како обична искра или како пламен, изјави Трамп на прашањето дали САД планираат да воведат карантин ако има втор бран на пандемијата. Трамп изјави дека тој не планира да ја затвори државата.

Трамп го чекаат неизвесни претседателски избори во ноември, во услови кога САД имаат најмногу починати од корона вирусот во светот и во услови кога 35 милиони Американци се останати без работа.

За разлика од Трамп експертите во Белата Куќа предупредуваат можно ширење на вирусот во текот на есента и зимата, кога ќе почне созоната на сезонски грип.