Рускиот Претседател Владимир Путин очекува дека Русија може да биде загрозена од вториот бран на коронавирус во октомври или ноември. Тој го предупреди руското Министерството за здравство дека мора да се подготви за вториот бран на вирусот корона, што може да се случи во октомври или ноември годинава.

Мора да размислиме за вториот бран, кој, според експертите, би можел да се случи оваа есен, во октомври или ноември, рече Путин. Тој оцени дека ситуацијата во врска со ширењето на вирусот корона во Русија генерално се стабилизира. Според Путин, во Москва, која први се соочила со епидемијата, а и во другите руски региони, бројот на пријавени случаи на дневна основа постепено се намалува.

Пред една недела стапката на раст на бројот на случаи низ цела Русија беше 5,9 проценти, а денес е 3,5 проценти, изјави Путин. Според него од клучно значење е ваквиот пад да се случи како резултат на постојаното зголемување на бројот на тестови, што овозможува откривање на болеста во рана фаза.

Тој потенцираше дека во изминатите две недели, бројот на извршени тестови се зголеми за скоро три милиони, односно дека се тестираат скоро 240 000 луѓе на дневна основа.