Цената на нафтата на светската берза започнала да закрепнува по неколку недели постојан пад на вредноста. Цените на нафтата скокнаа во последниве денови поради намалените залихи во Америка, што предизвика поголема побарувачка и повисоки цени.
Така, северноморската нафта брент се зголеми за 23 центи или 0,7 отсто оваа недела, а сега барел чини 34,8 американски долари. „Црното злато“ веќе четврта недела по ред забележува повисока цена, а за тоа придонесе масовното намалување на производството на земји кои се големи производители, како и падот на американските залихи.