Претседателот на САД, Доналд Трамп побара од сојузните држави да дозволат повторно одржување верски церемонии овој викенд, откако црквите беа затворени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Трамп издаде вербална наредба од Белата куќа, прогласувајќи ги црквите како неопходни активности, што значи дека може да бидат отворени за време на пандемија.

Ги повикувам гувернерите да дозволат да се отворат нашите цркви и богослужби, рече Трамп и додаде дека луѓето бараат можност да присуствуваат на миса во цркви, синагоги и џамии.

Американскиот устав ја штити целосната верска слобода. Трамп инсистираше на тоа дека државните и локалните избрани функционери треба да ги следат упатствата на сојузните држави.