Одлуката да се дозволи натпреварот помеѓу Ливерпул и Атлетико од Мадрид во Лигата на шампионите можеби е одговорна за смртта на 41 лице што почина од вирусот „ковид-19“, пишува денес угледниот „Тајмс“, повикувајќи се на извештајот на Edge Health кој спровел истражување за британскиот Институт за јавно здравје.

Споменатиот натпревар на „Енфилд“ беше последното големо фудбалско шоу во Англија пред воведувањето строги мерки заради борбата против пандемијата. Се играше на 11 март пред околу 52.000 луѓе, меѓу кои и 3.000 навивачи на Атлетико.
Во следните недели, се покажа дека 25 до 35 дена по натпреварот, 41 лице го загубиле животот во околните болници, кои биле директно или индиректно заразени токму затоа што натпреварот е дозволено да се игра.

Универзитетот Оксфорд и Империал колеџ во Лондон проценија дека во Шпанија во тоа време веќе имало 640.000 позитиви, иако досега се официјално потврдени повеќе од 280.000. Сепак, јасно е дека не се откриени сите, па се проценува дека во Велика Британија во тоа време имало околу 100.000 пациенти.