Во првите четири месеци, помалку бебиња се родени во Србија во однос на истиот период минатата година, а исто така, генерално, помалку луѓе починале во овие четири месеци, според најновите податоци од Заводот за статистика. Сепак, гледано индивидуално по месеци, бројот на смртни случаи беше поголем овој јануари во однос на минатата година, но и во април, кога беше највисокиот врв на коронавирусот.

Бројот на имрени во Србија во периодот јануари-април 2020 година изнесува 34.642 и, во однос на истиот период лани, кога бројот на умрените изнесува 35.654, има намалување од 1.012 или 2,8 проценти, според Заводот за статистика.

Сепак, статистиката по месеци кажува поинаку.

Така, во јануари годинава починале 8.706 лица, а 8.672 лани. 9.122 лица починаа овој февруари, а 9.793 минатата година. Во март 2020 година умреа 8.189 лица, што е помалку од истиот месец во 2019 година, кога починаа 8.933.

Сепак, овој април починале 8.625 луѓе, што е за 369 повеќе отколку во април 2019 година, кога во Србија починале 8.256 лица.

Инаку од почетокот на пандемијата со корона вирусот во Србија се заразени 11193 лица, а 239 починале од корона вирусот.