Поповиќ вели дека се одморил за време на пандемијата на коронавирусот, со оглед дека не му било дозволено да излезе од куќата, затоа што тој е во категоријата „65+“.

„Излегов еднаш, до Кеба или Брена, претпоставувам, и веднаш папараците ме фатија. Не излегов 51 ден, добро се одморив, знаев дека тоа ќе помине еден ден. Кога ја правите оваа работа веќе 40 или повеќе години и тогаш сето тоа запира преку ноќ, секако дека ви недостасува. Но, што се однесува до мене, имав убав одмор и едноставно сега сум одморен и подготвен за продолжување на сезоната“, изјавил Саша.

Како пензионер, тој автоматски добил 100 евра од државата и не ни морал да аплицира.

На прашањето што ќе стори со нив, тој рече:

„Па … Мислам дека ќерка ми ги зеде тие 100 евра“.

„Добив 100 евра, но јас и Брена имавме група наши пријатели, со кои уплативме помош од 220.000 евра, за набавка на медицинска опрема“, посочил Поповиќ.