Возот со медицинска опрема од Кина пристигнал во Белград денес околу 11 часот. Медицинската опрема што Србија ја набави од Кина за борба против коронавирусот била испорачана со воз на кинеската железница. Доставени се заштитни маски, сакафандери, ракавици, очила, визери…

а потсетиме, возот тргнал од Вухан, кинескиот град кој некогаш беше најтешко погоден од епидемијата, на 10 мај, објави „Peoples China Daily“.

Товарниот воз составен од 42 вагони бил поздравен од кинески работници со кинеско и српско знаме, кои биле ангажирани за модернизација на железничката пруга Белград-Стара Пазова, пренесуваат српските медиуми.

Пораката „Кинеските железници ѝ честитаат на братската Србија за нејзиниот успех во борбата против епидемијата“ била испишана на вагоните.

Покрај работниците, медиумски екипи го чекаа возот во станицата Нов Белград и иако било планирано премиерката Ана Брнабиќ да го дочека возот, нејзиното присуство било откажано поради лошите временски услови.

Во текот на март и април, Кина испрати 3.142 тони медицинска опрема во европските земји за борба против Ковид-19.