Претседателот на Србија и Српската напредна странка (СНС), Александар Вушиќ го одржаа вториот онлајн собир во рамките на изборната кампања и најави дека просечната плата во Србија во 2025 година ќе изнесува 900 евра!

Вучиќ рече дека Србија ќе се бори да ја престигне Хрватска во однос на БДП за една година и дека ако „работиме напорно, платите ќе се зголемат значително до 2025 година“.

„Мед и млеко нема да течат и цвеќиња ќе цветаат… Нашата цел во 2025 година е плата од 900 евра. Ова за некои можеби им изгледа бесмислено, на некои како лесно дадено ветување, но ќе имате просечна плата од 900 евра само за да не се откажеме од реформскиот процес и тоа што ни го носи напорната работа“, рече Вучиќ.