Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот фејсбук профил објави фотографија од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од теретана. Ивановска напиша дека фотографијата и е доставена од “свиркачи”.

Мицкоски беше фатен два пати како излегува од еден фитнес клуб во време на вонредната состојба и карантинот. Но тој демантираше дека таму оди да вежба во период на карантински мерки.

Доцна синоќа, со наслов “срце мое античко”, Ивановска ја објави оваа фотографија и се очекува потврда или демант од Мицкоски или партијата дали тој навистина вежбал во фитнес клубот кога за останатите граѓани важеа карантинските мерки.