Многумина беа изненадени со одлуката на Јувентус да и плати 35.000.000 евра на Аталанта за трансферот на Дејан Кулушевски.

Кулушевски е репрезентативец на Шведска со македонско потекло. Во овој момент, како позајмен играч на Аталанта, тој настапува за Парма.

„Една од причините што го одбрав Јувентус е Маурицио Сари и неговиот тактички пристап. Детално ја проучував неговата методологија и верувам дека би можел да се вклопам во неговиот стил “, вели Кулушевски.

Мој омилен играч е Еден Азар. Ги следев неговите игри и детално ги анализирав. Верувам дека можам да ја преземам неговата улога од Челси во мандатот на Сари “.

„За мене, Јувентус е остварување на сонот. Сега имам шанса да играм со Кристијано Роналдо, но свесен сум дека ќе мора да се докажам многу, дека навистина заслужувам да бидам дел од тимот. Јас цело време велев дека немам јасни цели, само сакам да напредувам, но тоа се промени во последните месеци. Сакам да бидам меѓу најдобрите на светот и ќе направам се за да го постигнам тоа “.