Стапката на смртност од Ковид-19 во земјата е далеку под европскиот и светскиот просек, реагира Министерството за здравство по информациите од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ упорно пласира во јавноста тези дека процентот на смртност во нашата земја е далеку над другите земји во регионот, европскиот и светскиот просек. Смртноста од Ковид-19 во земјата не е највисока во регионот и таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заразени“, велат од Министерството за здравство.

Додаваат дека процентот на смртност од вкупниот број потврдени зарезени со Ковид -19 во земјата изнесува 5,8 отсто, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7,3 проценти, Босна и Херцеговина со 6,2 отсто, Грција со 6 проценти.