Градот Скопје и оваа година ќе доделува поединечни субвенции на граѓаните за велосипеди и тротинети. Советот на Град Скопје на денешната седница одлучи максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице да биде во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, а за електричен тротинет ќе биде 30 проценти од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

За субвенционирање на велосипеди обебзедени се 8.500.000 денари, додека за електрични тротинети Градот обезбеди 1.500 .000 денари од буџетот.

Доделувањето на субвенциите и за велосипеди и за електрични тротинети се врши врз основа на фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со дата од 01.01.2020 година, се до исцрпувањето на средствата за таа намена, но не подоцна од 30.11.2020 година, при што, задолжително е велосипедот или електричниот тротинет да е целосно отплатен.