Белата куќа соопшти дека Трамп ќе издаде извршна наредба против социјалните медиуми.

Претседателот Трамп ги предупреди гигантите на социјалните мрежи дека сојузната влада може „силно да ги регулира“ или „да ги затвори“ доколку продолжат да ги „замолчуваат конзервативните гласови“.

Твитер за прв пат стави етикета за проверка на факти на твитовите од претседателот Трамп.

Портпаролот на Твитер во изјавата за “Фокс њуз“ призна дека твитот на Трамп не кршел ниту еден од правилата на платформата.

„Републиканците сметаат дека платформите за социјални медиуми тотално ги замолчуваат гласовите на конзервативците“, напишс Трамп. „Ние силно ќе ги регулираме или ќе ги затвориме, пред да можеме да дозволиме да се случи ова. Видовме што се обидоа да направат и не успеаја во 2016 година. Не можеме да дозволиме повторно да се случи пософистицирана верзија за тоа. “

Трамп се заканува дека ќе ги регулира или затвори платформите за социјални медиуми

Портпаролката на Белата куќа, доцна синоќа, потврди дека ќе се потпише извршна наредба за компаниите за социјални медиуми и дека таа ќе биде потпишана во четврток.