Не е виц-во еден Универзитетски кампус во Индија група мајмуни нападнаа лабораториски техничар и украдоа примероци на крв земени од пациенти кои биле заразени со корона вирус.

Настанот се случил во индискиот град Мирут во индиската држава Утар Прадеш. Додека лаборантот се движел низ комплексот на Медицинскиот Факултет во овој град тој бил нападнат од група мајмуни. Мајмуните успеале да земат примероци од крвта на четири пациенти заразени од корона кои биле тестирани на Факултетот.

Преставник на Факултетот изјави дека до сега не постојат докази дека мајмуните се заразиле со вирусот или дека го пренеле на околното население кое живее во близината на Медицинскиот Факултет.