Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири излезе со брутално онвинување на адреса на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Според Зекири, Чулев намерно не преземал мерки за да се зголеми бројот на заразени од корона и тоа да се користи како основа да бидат повторно одложени изборите.

,,Наќе Чулев, тоа е очигледно, свесно играше на таа карта да се дозволи да нема казнување, да нема почитување на мерките, луѓето да се заразуваат и да има бројки за да бегаат од избори, изјави Зекири.

Освен МВР, во државата нема друга институција која може да казнува и да санкционира непочитување на мерките. Последниве случаи на заразени лица, поголемиот дел, не сите, ни се резултат кога министерот прекина да казнува луѓе и дозволи во овие населби каде што има сега најмногу случаи, Чаир, Бутел, Сарај, Сингелиќ да се организираат, без да се презема ниту една мерка од МВР, масовни ифтари и тоа се случуваше во време на полицискиот час. Полицијата никогаш не отиде да каже „Луѓе што правите.“ Од литијата во Струга, кој е казнет за непочитување на мерките таму, знаете некој?“, праша Зекири.