По завршувањето на Седницата на Советот за безбедност, Претседателот Стево Пендаровски најави продолжување на вонредната сотојба за уште нови 14 дена.

Со нови 14 дена вонредна состојба се создаваат услови за одржување на предвремените избори на 5 јули како што пред два дена најави вицепремиерот и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи. Иако Пендаровски остави отворена можност изборите да бидат организирани и во работен ден со уредба на Владата.

Но поважно од тоа е пораката и лексиката на Пендаровски на денешната прес конференција, по завршувањето на Советот за безбедност. Според Пендаровски опасно е секое зголемување на пикот на пандемијата, но исто така опасно, ако не и повеќе, е фактот дека државата нема функционална политичка Влада и Парламент. И дека треба во најбрз можен рок политичките лидери да се договорат за датумот на новите избори.

За прв пат Пандаровски беше вака енергичен во својот настап со прецизни формулации. Бараше брзи избори и им се заблагодари на сите граѓани што ги почитуваа и се придржуваа до мерките за заштита пропишани од здравствените власти во Македонија.

Тешко е да се поверува дека Пендаровски би барал брзи избори ако предходно не биле направени консултации не само со политичките партии туку и со релевантните дипломати во државата.