Грчките пожарникари прават големи напори да го спречат пожарот кој беснее недалеку од Волимеса на островот Закинтос.

Денес припадниците на противпожарната служба се обидуваат да спречат понатамошно ширење на шумскиот пожар што ја опустошува шумата околу една од најпознатите светски плажи, Навахо близу Волимеса, пренесе агенцијата АНА.

Пожарот што избувна вчера попладне продолжи да се шири преку ноќ под влијание на силниот ветер, што ги спречи пожарникарите поефикасно да интервенираат.

На лице место се ангажирани 16 противпожарни системи, 69 пожарникари плус три екипи, кои интервенираат на местата кои беа изгаснати од хеликоптери и авиони, пренесува агенцијата.