Македонците постојано повторуваат дека ние сме поминале лошо во историјата. Тоа не е точно, со овој памет и со оваа однесување ние поминавме одлично во историјата. Добивме држава кон која сега се однесуваме како кон нечија туѓа сопственост, која е наша само тогаш кога имаме корист од неа-но не и кога имаме обврски кон неа. Ова е дел од вечерашната анализа во емисијата Во Центар која се емитува на youtube во 22 часот.

За нас е обврска да носиме маска. Ние сме здрави а носењето маска е обврска само на болните. Што има ние здравите да размислуваме за болните. Ние немаме стари родители, ние немаме стари или болни роднини и соседи. Ние немаме обврска кон никој. Бидејќи е срамота вака јавно да се зборува-ние тогаш велиме нема вирус. Нема корона. Сите лажат и се купени.

И оваа-нема корона треба да го читате како ние не сакаме да жртвуваме ништо од нашиот комодитет за доброто на државата или на граѓаните кои живеат во Македонија.

Ги гледам Ерменците од Нагорно Карабах како се борат за својата територија и својата држава. Ги има само три милиони а се борат против една од најбогатите држави во светот-Азербеџан и против вторатата воена сила во НАТО-Турција. И синот на ерменскиот премиер се пријавува доброволец и оди на првата линија на фронтот. Капитенот на фудбалската репрезентација на Ерменија во фудбал се откажува од својата кариера и оди во војна.

Не можете да не им се воодушевувате на тие луѓе, без разлика дали националната стратегија им е добра или лоша. Тие ја сакаат својата држава, својата Ерменија и се подготвени да загинат за неа. За нив смртта не е обврска туку чест, а за нас носењето маска е обврска. А ние не сакаме обврски. Ние сакаме само права.

Луѓе кои не веруваат во својата држава така размислуваат и така се однесуваат. За нив важат двојни станбдарди-едни за нив а други за сите останати. Така ги научија политичарите овие 30 години. Тие викаат Гоце Делчев не е Бугарин, а земаат бугарско државјанство. Тешко е со тие луѓе да се најде заеднички јазик па макар и околу суштинските национални интереси на државата.

Денешниот просечен Македонец се однесува исто како Бугарите. Не ги поднесува Бугарите, а се оснесува исто како Бугарите. Не може да го поднесе однесувањето на Бугарите кои ја негираат реалноста-гледаат дека постојат Македонци кои се различни од нив, со различен јазик, со различна култура, а викаат нема Македонци. Исто е и со Македионците кои гледаат дека има вирус, дека се заразуваат и умираат луѓе но и тие како Бугарите викаат нема корона.

Тоа било сезонски грип!? А кога се заразувале од сезонски грип во јули и август. Сезонски грип има сезона кога се појавува, затоа е сезонски а не е годишен. Знаете колку се слични или исти сезонски грип и короната-колку што се исти или слични џетсетерката Парис ( Хилтон ) и Париз-главниот град на Франција. Бидејќи нели за нас Парис и Париз е едно исто, како корона и грип.

Македонците се подготвени да направат некоја Корона-Илирида само да не прифатат дека има вирус и дека мораме да се прилагодиме на таа реалност. Тој отпор да ја прифатиме реалноста значи отпор да се однесуваме како возрасни и одговорни луѓе. Бидејќи возрасни и одговорни луѓе се грижат за својата држава, а ние не сакаме тоа да го правиме. Најмногу што можеме е да не правиме ништо. Проблемот за нас е кога од нас се бара да правиме нешто. Среќа што можевме со бојкот да го “спасиме” името на референдумот инаку и тоа ќе го промашевме.

Целата анализа погледнете ја на следниот линк: