Мајами Хит ја намалија предноста на Лос Анџелес Лејкерс на 2:1, откако во третиот меч од финалната сероја забележаа победа 115.104. Мајами овој меч го одиграа без Горан Драгиќ и Бем Адебајо, а во текот на натпреварот им се повреди и Кендрик Нан.

Мајами одлично го отворија натпреварот, играа агресивно во одбраната, ги натераа противниците да имаат дури 10 загубени топки во првата четвртина и успеаја да го неутрализираат Леброн Џејмс. Хит првото полувреме го завршија со предност 58:54.

Третиот период започна со серија на Мајами 8:0 и со четвртата лична грешка на Ентони Дејвис. Оваа делница Мајами ја завршија со преднотс од 12 поени, но на стартот од последната четвртина Лејекрси успеаја да го преземат водството (89:91).

Сепак Мајами го одбија тој налет на Лејкерси, а на крајот предводени од Џими Батлер забележаа победа.

Батлер забележа 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции, за него ова е прв трипл-дабл во плејофот во кариерата. Влијателен беше и Кели Олиник (17 поени), Данкан Робинсон и Тајлер Хиро постигнаа по 13 поени.

Лејкерис ги предводеше Чеброн Џејмс со 25 поени, 8 скока, но и 8 загубени топки, а потфрли Ентони Дејвис со само 15 поени.

Четвртиот натпревар од финалната серија на програмата е во среда во 3.00 часот.