Сега Вулин му порача на Рама:

Премиерот на земјата каде што се наоѓа Жолтата куќа, место каде што на Србите им се вадеа органи и потоа ги продаваа, треба многу повнимателно да избира зборови кога зборува за злосторства. Мислев дека Еди Рама денес ја отвори устата да го осуди обидот за убиство на српски деца во училиштето во Доња Брњица. Наместо тоа, тој ги фали и брани убијците и терористите од ОВК.

Ова го изјави српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, во ергелата Караѓорѓево, каде што се одржува настанот „Куп на Војската на Србија”.

Според Вулин, премиерот на земја која ги поддржува убијците од ОВК ќе мораше да клекне на колена и да им се извини на убиените српски деца пред да побара нему било кој и за било што да му се извини. Не знам зошто го напаѓаат Еди Рама во Албанија, но знам дека никој во Србија нема да го нападне ако ги осуди терористите од ОВК за убиството и силувањето на дванаесетгодишно девојче во селото Клечка, од страна на браќата Мазрек, убијци од редовите на ОВК. Не знам зошто го напаѓаат во Албанија, но знам дека никој во Србија нема да го осуди ако уште еднаш каже дека е против Албанците да се обединат во „Голема Албанија“ и да распаднат уште три-четири земји на Балканот за тие да создадат своја.

Нека го каже тоа и ете ќе ја има секоја поддршка во Србија. Не знам зошто го напаѓаат Еди Рама во Албанија, но знам дека во Србија никој нема да го нападне ако веќе еднаш навистина посака мир, а до тогаш, ми се гади од човекот што прави „Голема Албанија“ и зборува за мир, рече српскиот министер Вулин.