Ерменскиот премиер Никол Пашињан е убеден дека Русија, доколку е потребно, ќе му помогне на Ереван со цел да се обезбеди безбедноста на земјата, со ангажирање на нејзините вооружени сили.

Според него, тоа е предвидено со договорот меѓу двете земји.

Во Ерменија е ставионирана 102-та руска воена база, имаме единствен систем за противвоздушна одбрана. Договорот за тој систем многу прецизно предвидува во кои случаи тие вооружени сили можат да се користат со цел да се обезбеди безбедноста на Ерменија, вели тој.

Убеден сум дека Русија ќе ги исполни своите договорни обврски доколку се случи таков случај – рече Пашинијан во интервју за Билд.

Да потсетиме, ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше на крајот на септември. Баку и Ереван се обвинуваат едни со други за избувнувањето на конфликтот. Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.

Воено политичкиот коментатор, а сега амбасадор на Србија во Русија, Мирослав Лазански вели дека според оружјето користено во конфликтот, Азербејџан е дури два и пол пати посилен од Ерменија, дека има многу посовремено оружје.

Зборувајќи за односот меѓу Русија и Турција, тој наведува дека веќе има неколку конфликтни области во кои се судираат нивните интереси.

Тука е пред сè Сирија, потоа Либија, сега оваа ситуација меѓу Ерменија и Азербејџан. Сепак, Русија има големи економски интереси во Турција, првенствено Турски поток, нуклеарната централа и испораката на системот С-400. Од една страна, го гледате економскиот интерес, од друга геополитичкиот, наведува амбасадорот Лазански.

Тој додава дека општата проценка во Москва е дека Турција може да оди во тој конфликт толку далеку колку што ќе и дозволи Москва.