Работата на службите за помагање на ментално болни е нарушена низ целиот свет поради пандемијата на корона вирусот, а инфекцијата се очекува дополнително да го загрози менталното здравје на луѓето, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, работата на службите за помагање на ментално загрозените работи со полн капацитет во само седум отсто од 134 испитани држави, додека во дури 93 проценти од испитаните земји има разни проблеми кои ја попречуваат редовната работа на психијатриските институции, објави Ројтерс.

Дополнително финансирање на установите за ментално здравје беа обезбедени во само 17 проценти од анкетираните 134 земји со цел да се одговори на зголемениот број случаи на ментални нарушувања за време на пандемијата.

Врз основа на прелиминарните информации се проценува дека ќе има зголемување на бројот на лица со ментални или невролошки нарушувања и оние кои злоупотребуваат наркотици и на кои ќе им треба стручна помош. Побогатите земји подобро ќе одговорат на овој проблем, но нашата задача е да обезбедиме професионална помош на сите во случај на потреба – предупреди Девора Кастел, директор на Дирекцијата за ментално здравје на СЗО.