Во Нагорно Карабах се убиени 93 платеници од Сирија, а телата на 53 платеници беа транспортирани назад во таа блискоисточна земја во неделата, изјавија за агенциите извори во сириската опозиција кои биле свесни за ситуацијата.

Телата на 53 платеници беа испорачани во Сирија во неделата, така што вкупниот број на убиени сириски платеници е 93, рече еден од соговорниците на агенцијата.

Покрај тоа, според неговите податоци, минатиот викенд, третата група на сириските платеници заминала во зоната на конфликти во Карабах. „Испратени се 430 лица“, рече изворот.

Друг извор во сириската опозиција претходно изјави дека според состојбата на теренот од 1 октомври во Карабах имало 322 опремени платеници од Сирија.

Во врска со тоа, францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека Франција има информации дека сириските милитанти се упатиле кон Нагорно Карабах за да учествуваат во борбите. Во исто време, ерменскиот премиер Никол Пашињан ја обвини Турција за обука и префрлување на илјадници платеници во Нагорно Карабах од регионот што го окупираше во северна Сирија.

Министрите за надворешни работи на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу, предходно разговараа по телефон за ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах и посочија дека е недозволиво влегувањето на милитантите од другите региони во конфликтот. Азербејџан ги отфрли овие тврдења, велејќи дека информациите дека Баку ангажира платеници во конфликтот во Нагорно Карабах, вклучително и од Турција, се лажни.