Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу денес ќе го посети Азербејџан, блискиот сојузник на Турција, за да разговара околу конфликтот во Нагорно Карабах меѓу азербејџанската војска и ерменските сепаратисти, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи.

Чавушоглу ќе оди во работна посета во текот на која ќе се состане со азербејџанскиот претседател Илхан Алијев и ќе размени мислења за ситуацијата во регионот Нагорно Карабах со својот азербејџански колега, се наведува во соопштението.

Еден ден претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг ја повика Турција, која е главен сојузник на Азербејџан, да изврши влијание за смирување на состојбата во таа област околу која војуваат Азербејџан и Ерменија.