Тој преку објава на Фејсбук изјави дека резултатите од серолошкиот тест покажуваат дека тој има вирус

Шефот на парламентарната група на Сојузот за иднината на Косово, Даут Харадинај е заразен со вирусот корона.

Тој преку објава на Фејсбук изјави дека резултатите од серолошкиот тест покажуваат дека тој има вирус.

  • Драги пријатели, го направив тестот неколку пати минатиот пат и се покажа дека добив вирус kovid-19. Посакувам здравје на секој што се соочува со оваа пандемија – напиша Харадинај.