Фудбалскиот клуб Барселона, со пресметан данок пријави минус од 97.000.000 евра во сезоната 2019/2020. Клубот годината ја завршил со приход од 855.000.000 евра, што е за 203.000.000 евра помалку од планираното.

Негативниот биланс во финансиските пресметки се случи поради пандемијата на коронавирусот, поради што драстично опаднале приходите од телевизиските права и продажбата на фудбалери.

Исто така Барселона не ги заработи и планираните пари и од туристичките посети. Посетите на стадионот опаднале за 90 отсто.

Според некои проценки доколку не се случела пандемијата клубот ќе остварел рекорден приход од 1.059.000.000 евра.