Спреј за нос што треба да се шприцне еднаш неделно, може да обезбеди солидна заштита од вирусот ковид-19, пишува Дејли меил.

Спрејот досега е тестиран на творови кои примиле две дози на лекот ден пред да бидат изложени на вирусот корона – вештачки создадени молекули кои ја стимулираат работата на имунолошкиот систем.

Резултатите покажаа дека средството го намали реплицирањето на вирусот во носот на творовите за дури 96 проценти, со што се намалува ризикот од инфекција и ширењето на болеста.

Препаратот ИННА-051 ќе се тестира на луѓе во следните четири месеци. Производот оргинално беше развиен за заштита од вируси на настинка и грип, но сè уште чека на одобрување бидејќи сè уште не е докажано дека делува без компликации и ефикасно.

Сепак, претходните истражувања покажаа дека тоа го „забрзува“ антивирусниот одговор во клетките во грлото на здрави доброволци и оние кои страдаат од астма и дека обезбедува продолжена заштита кај глувците од риновируси кои предизвикуваат течење на носот кај луѓето.

Доколку оваа средство биде одобрено, тоа може да обезбеди дополнителна заштита за оние со зголемен ризик од заразување со ковид 19, вклучително и стари лица и оние кои страдаат од одредени здравствени состојби.