Пејачот Стефан Петрушиќ (31), поранешен победник на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, бил мета на непознат разбојник кој вчера го ограбил неговиот стан во Нов Белград.

Според пишувањето на српски Информер, непознатиот арамија упаднал во изнајмениот стан на познатиот пејач и му ги украл сите пари, златен накит и други скапоцености на кои наишол.

Полицијата веднаш била информирана за грабежот, по што била спроведена истрага, а по дрскиот разбојник се’ уште се трага.