Првиот човек на Америка помина три дена во болницата Валтер Рид поради вирусот корона

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по синоќешното враќање од болницата во Белата куќа, нема никакви симптоми на вирусот корона и се чувствува исклучително добро, изјави денеска лекарот на претседателот Шон Конли.

Во соопштението на Белата куќа се цитира Конли дека претседателот, кога медицинскиот тим го посетил утрово, поминал „мирна прва ноќ дома“ и дека неговите витални функции биле стабилни, вклучително и нивото на кислород во крвта, пренесува АП, а пренесува Танјуг.