Околу десет проценти од светската популација веќе е заразена со коронавирус, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Мајк Рајан, раководител на одделот за кризи на СЗО, изјави дека пандемијата се забрзува во делови на Југоисточна Азија, со зголемувањето на бројот на случаи и смртни случаи во делови на Европа и регионот на источниотМедитеранот.

Нашите најдобри проценки во моментов покажуваат дека околу 10 проценти од светската популација веќе е заразена со вирусот. Тоа зависи и од државата и дали станува збор за град или село и социјална група. Но, тоа значи дека огромното мнозинство од населението сè уште е изложено на ризик, објави Рајан.

Се приближуваме до тежок период. Болеста сè уште се шири, додаде тој.

СЗО исто така објави дека избра експерти за меѓународна мисија во Кина за откривање на потеклото на вирусот, но тие допрва треба да бидат прифатени од кинеските власти.